Линкови за пристапност

Денес средба Обама-Расмусен во Белата куќа


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денес ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, еден ден откако се обиде да ги отстрани американските сомнежи во однос на посветеноста на Сојузот на војната во Авганистан.

Во своето прво обраќање во Вашингтон како генерален секретар на НАТО, Расмусен рече дека американските сојузници стојат непоколебливо во борбата против Талебан. Сите 28 земји-членки и многу што не се членки учествуваат во операцијата, кажа Расмусен, нарекувајќи ја „мисија на солидарност“.

Поранешниот премиер на Данска, кој ја презеде позицијата број еден во НАТО на 1-ви август, наведе и дека САД несомнено се незаменливи во мисијата. Меѓутоа, тој рече и дека европските земји и Канада би биле поненаклонети да се жртвуваат доколку се занемарува нивниот придонес.

Расмусен кажа дека американските сојузници не бегаат од борбата, истакнувајќи дека бројот на неамериканските сили се зголемил за 9.000 војници во последните 18 месеци.

Тој ја уважи потребата за поголеми ресурси во борбата против Талебан во време на растечки број на жртви и опаѓање на јавната поддршка.

Расмусен кажа дек се согласува со Обама сека судирот е попрво неопходна војна, отколку војна по избор. Тој додаде дека доколку меѓународната заедница не дејствува, Авганистан повторно ќе стане рај за Ал-Каида, како и дека ќе биде загрозена стабилноста на Пакистан, кој има нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG