Линкови за пристапност

Наџибула Зази, осомничен за тероризам, се изјасни дека не е виновен


Наџибула Зази, по потекло од Авганистан, а осомничен за тероризам, во федерален суд во Њујорк се изјасни дека не е виновен по обвиненијата за заговор да употреби оружје за масовно уништување. Адвокатот на Зази во негово име кажа дека тој е невин и рече дека владата допрва треба да докаже дека имало заговор. Зази присуствуваше на кусиот распит во судницата.

Зази е обвинет дека имал намера да употреби бомби од домашно производство против засега неоткриени цели во САД. Претставници на агенциите за сузбивање на криминалот велат претходно имаа кажано дека цел на заговорот можеби бил системот за јавен превоз во Њујорк.

Истражителите додаваат дека го знаат идентитетот на најмалку тројца помошници на Зази, но засега не ги обелоденуваат нивните имиња.

Зази во петокот во Њујорк беше пренесен во Њујорк од Колорадо, каде беше уапсен на 19-ти септември.

Обвинителите тврдат дека Зази со помошниците минал повеќе од една година во планирање на нападот во САД.

XS
SM
MD
LG