Линкови за пристапност

Поради рецесијата зголемен број на Американци во сиромаштија 


Се` повеќе Американци запаѓаат во сиромаштија и бараат социјална помош.

Според најновите податоци на Американското биро за попис објавени во вторникот, примањата по домаќинство во 2008-ма забележале пад, но тој бил најостар за семејствата со средни примања и оние најсиромашните, со што во сиромаштија западнале над еден милион Американци.

Нивото на сиромаштија во САД за 2008-ма година изнесува 13,2 проценти, што е највисоко во изминатите 11 години.

Владата ја дефинира сиромаштијата како годишна заработувачка помала од 22.000 долари за четиричлено семејство со две деца, или заработувачка помала од 11.000 за поединец.

Според други податоци на Бирото за попис, нараснал и бројот на Американци кои примаат помош од владата во купони за храна. Најголемиот пораст е забележан во групата семејства со две или повеќе возрасни вработени лица.

XS
SM
MD
LG