Патнички автобус налетал на бомба покрај пат во јужен Авганистан, при што загинале 30 цивили, а биле повредени најмалку 39, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
Експлозијата се случила на автопат во покраината Кандахар вторникот наутро. Меѓу жртвите се неколку жени и деца.
Владини претставници го обвинија Талебан за нападот. Бунтовниците на Талебан во најголем дел се потпираат на поставување експлозиви на патните правци и самоубиствени напади во борбата против странските и авганистанските сили.
Според извештај на ОН објавен минатата недела, во насилството во Авганистан годинава загинале над 1.500 цивили, од што над две третини во напади на милитанти.