Линкови за пристапност

Разговори за климатските промени во Банкок


Во Банкок почнаа разговорите за климатските промени со повеќе од четири илјади учесници од 177 земји кои се обидуваат да ги стеснат разликите за намалување на емисијата на испуштање штетни гасови во атмосферата.

Индустриски развиените и земјите во развој се во пат позиција веќе две години за тоа како да се пристапи кон декемвриски преговори во Копенхаген.

Шефот за климатски промени при ОН, Иво де Боер, пред делегатите истакна дека се` уште има време, но оти земјите мора да бидат поамбициозни во делувањето.

Многу нации се заложија за намалување на емисијата на штетни гасови, но потфрлија во реализацијата на ветеното - да го намалат нивото од 25 на 40 проценти од 1990-та.

Европската Унија има најамбициозна цел за намалување од 30 проценти, додека Јапонија неодамна најави цел за намалување од 25 проценти.

Џон Першинг, шеф на американскиот преговарачки тим, рече дека САД поддржуваат намалување на емисијата на издувни гасови соодветно на целите на ЕУ и Јапонија, но дека сакаат и другите земји да покажат таква определба

XS
SM
MD
LG