Линкови за пристапност

Светска банка: Кризата ја помести глобалната економска моќ


Првиот човек на Светската банка рече дека економската криза ја премести економска моќ кон земјите во развој, како Кина и Индија.

Во говор во Вашингтон, претседателот на Светската банка Роберт Зелик рече дека одлуката Г-20 да стане главен глобален економски форум е добар почеток. Но, Зелик подвлече дека и другите 160 земји, особено најсиромашните, мора да бидат земени предвид при носењето одлуки.

Првиот човек на Светската банка рече дека американскиот долар останува важна валута, но ги предупреди Американците да не сметаат дека е загарантиран неговиот статус како главна валута за светските резерви.

Тој рече дека силата на американскиот долар во иднина ќе зависи од донесување добри економски одлуки за некои тешки прашања како владиниот дефицит и каматните стапки.

XS
SM
MD
LG