Американскиот претседател Барак Обама подоцна неделава ќе патува за Данска во обид да ја поддржи кандидатурата на Чикаго за домаќин на Летните олимписки игри во 2016-та.
Белата куќа јави дека претседателот ќе пристигне во Копенхаген в петок - кусо време пред презентацијата на Чикаго пред членовите на Меѓународниот олимписки комитет.
Првата дама Мишел Обама ќе пристигне во Копенхаген в среда и ќе ја предводи американската делегацијата.
Членовите на Меѓународниот олимписки комитет в петок ќе гласаат кој од четирите кандидати – Чикаго, Мадрид, Рио де Женерио и Токио, ќе го добие изборот да биде домаќин на Олимпијадата во 2016-та.