Претставници на Христијанската демократска унија на Меркел велат дека форматот за преговори со Слободните демократи, кои се отворени за бизнис, треба да биде поставен во понеделник и дека разговорите ќе бидат завршени до крајот на октомври.
Аналитичарите предвидуваат тешки преговори, велејќи дека засилените Слободни демократи, со добрите резултати од неделата, може да им постават големи барања на Христијанските демократи на канцеларката.
Конзервативците на Меркел го добија парламентарното мнозинство со Слободните демократи, кои ги избраа за партнери. Победата и` помага на Меркел да прекине со чудното четиригодишно партнерство со Социјал-демократите кои се наклонети кон лево.
Неколку минути по затворањето на гласачките места во неделата, две германски телевизиски мрежи прогнозираа дека двете конзервативни партии ќе добијат 48 отсто од гласовите. Тие цифри се одржаа и во понеделник, додека официјалното пребројување на гласовите продолжува.