Линкови за пристапност

Иран тестираше проектили од долг домет непосредно пред нуклеарните разговори


Иран соопшти дека успешно тестирал два проектила од долг домет, за кои одбранбени аналитичари велат дека би можеле да допрат до Израел и Јужна Европа.

Иранската државна телевизија емитуваше снимки од лансирање на проектили земја-земја на пустински терен.

Шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана изрази загриженост поради тестирањето. Лансирањето на проектилите беше во рамки на воена вежба замислена како парадирање на одбранбените капацитети на Исламската Република.

Дел од западните аналитичари велат дека барем еден од проектилите може да понесе нуклеарна боева глава.

САД и другите светски сили ќе ивршат притисок врз Иран да даде целосен отчет за своите нуклеарни активности на средбата во Женева закажана за вторник.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во неделата изјави дека ќе бидат побарани построги санкции против Иран доколку преговорите не дадат резултат.

Русија ја повика меѓународната заедница на воздржаност во реакцијата на иранското тестирање на поектили.

До средбата во Женева доаѓа по минатонеделната вест дека Техеран гради нова фабрика за збогатување на ураниум, што претставува непочитување на барањата на ОН Иран да запре да процесира материјал што може да се употреби за изработка на нуклеарна бомба. Иран тврди дека има право на нуклеарна енергија, но Западните земји и Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН бараат да имаат поголем пристап до иранските нуклеарни постројки за да се осигураат дека енергијата не се користи за изработка на нуклеарно оружје. Главниот ирански претставник за нуклеарни прашања Али Акбар Салехи има изјавено дека Иран ќе дозволи на иснпектори да ја посетат новата фабрика за збогатување на ураниум.

XS
SM
MD
LG