Линкови за пристапност

Обама:  Иран гради тајна нуклеарна постојка


Американскиот претседател Барак Обама и лидерите на Британија и Франција го обвинија Иран дека гради таен нуклеарен објект, барајќи тој итно да биде достапен за меѓународните инспектори. Иран ги порекнува обвиненијата.

Обама, британскиот премиер Гордон Браун и францускиот претседател Николас Саркози, ова го изјавија на Самитот на Г-20 што се одржува во Питсбург, Пенсилванија.

Лидерите ја обвинија иранската влада дека гради тајна постојка за производство на нуклеарно гориво. Тие инсистираа Иран да дозволи пристап до објекот на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија, за да се гарантира дека во него не се произведува нуклеарно оружје.

Претставници на администрацијата на Обама велат дека изградбата на постојката е спротивно на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, повикувајќи го Иран да го прекине процесот на збогатување на ураниум.

Ирански претставници посочија дека обвиненијата дека објектот е таен не се точни. Иранскиот раководител на нуклеарната програма Али Акбар Салехи вели дека активноста во постојката е согласно одредбите на Меѓународната агенција за атомска енергија.

XS
SM
MD
LG