Линкови за пристапност

Г-20 поблизу до договор за регулативи на банките


Лидерите на светски најразвиените и земји во подем, се се` поблизу до постигнување на договор по едно од најгорливите прашања што произлегоа од глобалната финансиска криза.

Учениците на Самитот на Групата-20 во Питсбург, Пенсилванија, велат дека лидерите работат на завршните детали од договорот за ограничување на преземањето ризик од страна на големите банки и контролирање на испратата на бонуси на извршните раководства.

Некои економисти и официјални лица ги обвинуваат банките за длабоката рецесија во светски рамки, додека одредени земји, вклучувајќи ги Франција и Германија, изразија огорченост заради големите износи на бонусите исплатени на директори на сега веќе пропаднати финансиски компании.

Претставници од Г-2- велат дека договорот ќе вклучува барање до банките да држат повеќе готовина во своите резерви, во случај да има пореметување во текот на инвестициите. Договорот ќе налага и одредување на платите за извршното раководство базирано врз ефикасноста на банката за која работат, со можност одредени исплати да бидат конфискувани, доколку банката е неликвидна.

XS
SM
MD
LG