Линкови за пристапност

Трет ден на Генералното собрание на ОН


Трет ден од дебатата во Генералното собрание на ОН во Њујорк. Денеска на агендата се обраќањата на преку 20 светски лидери, меѓу кои македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Иванов ќе има и средба со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Свој говор ќе имаат и неколку претседатели од Африка, вклучувајќи го лидерот на Зимбабве Роберт Мугабе, како и претседателот на Сомалија, Шеик Шариф Шеик Ахмед.

Вчера пред Генералното собрание се обратија израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и претседателот на Венецуела, Хуго Чавез. Нетанијаху истакна дека Иран претставува закана по светскиот мир и оти на иранскиот „фанатички“ режим не треба да му се дозволи да дојде до нуклеарно оружје.

Хуго Чавез го повика американскиот претседател Барак Обама да го укине американското трговско ембарго врз Куба. Тој воедно повика на повлекување на американските трупи од воените бази во Колумбија, велејќи дека таа ситуација претставува закана по мирот во Јужна Америка.

XS
SM
MD
LG