Линкови за пристапност

Пентагон:  Новиот план за противракетна одбрана – драматично подобар


Мишел Флорној, главна за политички прашања во Пентагон, вели дека новиот план на администрацијата на Барак Обама за противракетна одбрана за Европа, претставува „драматично подобрување“ на стратегијата на поранешниот претседател Џорџ Буш.

Флорној ова го изјави за време на распитот во четвртокот пред сенатската Комисија за оружени служби.

Таа истакна дека новиот систем за противракетна одбрана ќе обезбеди заштита од евентуален напад, неколку години порано и ќе биде поефикасен против растечката закана од страна на Иран. Претставничката на американскиот Оддел за одбрана додаде дека новиот план ги вклучува усовршените технологии за следење и пресретнување.

Претседателот Обама минатата недела соопшти дека ќе го замени планот на администрацијата на Буш за инсталирање на систем за противракетна заштита во Полска и Чешката Република, со нов и пофлексибилен систем базиран на ново разузнавање и технологија.

Мишел Флорној подвлече дека новиот систем ќе обезбеди подобра заштита за САД и за сојузниците од НАТО во Европа.

XS
SM
MD
LG