Линкови за пристапност

САД обвинија лице за заговор да детонира бомби ширум земјата


Наџибула Зази по потекло од Авганистан и приведен во САД како дел од истрагата за тероризам, е осуден за подготвување на заговор за детонирање на бомби на американска територија.

Во обвинението издадено во Њујорк, се наведува дека Наџибула Зази заедно со други лица, минал преку една година подготвувајќи напад врз САД.

Американската влада вели дека Зази „добил детални инструкции за изработка на бомба во Пакистан, ги купил деловите за импровизираните експлозивни направи и на 10-ти септември дошол во Њујорк“, за да ги реализира своите планови.

Зази во саботата беше притворен во сојузната држава Колорадо, заедно со неговиот татко, Мухамед Вали Зази, под обвинение дека лажеле пред истражителите. Истиот ден, но во Њујорк, под истите обвиненија е уапсен и трет Авганистанец, Ахмад Ваис Афзали.

Сите тројца биле со легален престој во САД.

Американскиот Оддел за правда вели дека владата се залага Зази да биде префрлен во Њујорк за да се соочи со новото обвинение. Зази порекна секаква поврзаност со тероризмот.

XS
SM
MD
LG