Линкови за пристапност

Кина:  Санкциите нема да ја одвратат нуклеарната агенда на Иран


Кина го повтори ставот дека санкциите не се содветен начин за одвраќање на Иран од неговата нуклеарна програма.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека санкциите и притисокот „не се начинот“ за решавање на прашањето.

Во средата, рускиот претседател Димитри Медведев изјави дека нови санкции против Иран можно е да бидат неизбежни, иако тие во редок случај се продуктивни.

Во меѓувреме, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад истакна дека неговата земја е подготвена за средби меѓу нејзини нуклеарни експерти и научници од САД и други светски сили, во обид за решавање на спорните прашања околу нуклеарната програма.

Во интервју за весникот Вашингтон пост, Ахмадинеџад изјави и дека Иран се залага од САД да купи збогатен ураниум кој се користи во медицински апликации. Засега нема коментар од американски претставници по ова барање.

XS
SM
MD
LG