Линкови за пристапност

Германија со предупредување воочи Самитот на Г-20


Лидерите на светски најразвиените и земји во подем почнаа да пристигнуваат во Питсбург, Пенсилванија, каде се одржува Светскиот економски самит.

Германија упати предупредување до земјите учеснички да не го загубат фокусот. Канцеларката Анѓела Меркел истакна дека главен приоритет за Самитот на Г-20 мора да биде регулирање на финансиските пазари кои дозволија ризичните активности да го втурнат светот во длабока рецесија.

Коментарите на германската канцеларка се одраз на тензиите меѓу светските лидери околу изнаоѓање на најдобри начини да се обезбеди дека настаните кои ја причинија глобалната економска криза, нема да се повторат.

И натаму има несогласувања околу тоа кога земјите треба да почнат со повлекување на стимулативните мерки и околу тоа колкава контрола треба да има меѓународната заедница врз финансиските пазари во рамки на секоја земја поединечно.

XS
SM
MD
LG