Линкови за пристапност

Научници:  Вакцина за СИДА го намалува ризикот од инфекција


Американски и тајландски научници велат дека употребата на експериментална вакцина за СИДА за прв пат го намалила ризикот за инфекција од болеста за една третина.

За време на прес-конференцијата во Банкок, полковникот Џером Ким истакна дека иако резултатите од употребената вакцина се скромни, истражувањето ги зголеми надежите дека во иднина е можно да се изнајде ефикасен лек за оваа болест.

Ким работи за програмата за истражување на вирусот ХИВ во рамки на американската армија.

Американските и тајландски владини научници велат дека вакцината го намалува ризикот за инфекција за преку 31 процент меѓу 16-те илјади доброволци од Тајланд кои учествувале во истражувањето.

Дури и вакцина од маргинална помош, може да има големо влијание. Според Агенцијата за борба против СИДА-та при ОН, секојдневно од ХИВ-вирусот се заразуваат 7.500 лица во светот. Во 2007-та од СИДА починаа два милиона луѓе.

XS
SM
MD
LG