Линкови за пристапност

Нетанијаху и Чавез ќе се обратат пред Генералното собрание на ОН


Израелскиот премиер Бенџамин Нетанијаху и претседателот на Венецуела Хуго Чавез, се меѓу шефовите на држави и влади кои денеска ќе се обратат пред Генералното собрание на ОН.

Вчера, американскиот претседател Барак Обама повика на „нова ера на ангажираност“ меѓу земјите, велејќи дека САД нема да можат самите да ги решат светските проблеми. Тој ги повика другите држави да ја споделат одговорноста.

Во средата пред Генералното собрание на ОН се обрати и либискиот претседател Муамер Гадафи, кој за време на 96-минутниот говор ја осуди работата на Советот за безбедност на ОН, го бранеше Талебан и критикуваше историски настани.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад имаше долга беседа посветена на религијата, човештвото и на, како што ги нарекува, светските зла – главно капитализмот, ционизмот и либерализмот.

XS
SM
MD
LG