Линкови за пристапност

Либерман ја оцени тристраната средба во Њујорк како успешна


Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман смета дека сребата на премиерот Бенџамин Нетанјаху со палестинскиот и американскиот претседател претставува успех затоа што се одржала без поставување на предуслови.

Либерман за израелското радио изјави дека владата докажала дека не смее да попушти или да направи отстапки.

Палестинците најавија дека нема да ги продолжат мировните разговори освен доколку Израел не ја запре изградбата на доселенички населби за еврејски семејства во окупираниот Западен брег и источниот дел на Ерусалим.

Вашингтон ја поддржа таа позиција, но американскиот претседател Барак Обама изјави дека по средбата во Њујорк во вторникот изјави дека обете страни треба да бидат подготвени за компромис. Тој повика на израелска „воздржаност“ во активностите во врска со населбите, што е промена од неговите претходни барања за „замрзнување“ на изградбата.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, пак, изјави дека изградбата на еврејските доселенички населби мора да запре пред да започнат разговорите.

XS
SM
MD
LG