Линкови за пристапност

Започна Генералното собрание на ОН


Еден откако го отвори Самитот за климатски промени, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го започна Генералното собрание со повик до земјите да соработуваат на глобалните проблеми како климатските промени, разоружувањето и сиромаштијата. Пред првите луѓе на 192 земји во светот тој кажа дека климатските промени се најголемиот предизвик пред човештвото.

ОН се надеваат дека ќе постигнат напредок во правец на глобален климатски договор што би бил финализиран на средба во Данска во декември.

Американскиот претседател Барак Обама во обраќањето пред Генералното собрание порача дека САД самите не можат да ги решат глобалните проблеми и повика на „нова ера на ангажираност“ со светот.

Обама вети дека САД ќе раководат во позитивните промени, но дека земјите споделуваат заедничка иднина и повеќе не ќе може да си дозволат луксуз да се фокусираат на разликите.

XS
SM
MD
LG