Линкови за пристапност

Новински извештај:  Пентагон барал одлагање на повикот за засилување во Авганистан  


Вол стрит џурнал тврди дека американскиот Оддел за одбрана побарал од својот главен командант во Авганистан, генералот Стенли Мекристал, да го одложи барањето за дополнителни сили.

Весникот цитира одбрамбени претставници дека владата на претседателот Барак Обама го сторила тоа за да се осигура дека САД „ја користат вистинската стратегија“, а потоа да разгледува барања за засилувања.

Во претходно снимено интервју што беше емитувано во неделата на Си-Ен-Ен, Обама ги порекна претходните медиумски извештаи дека тој или кој и да е друг во неговата влада побарале Мекристал да го одложи својот извештај, или пак препораките, од политички причини.

Мекристал, кој е главен американски и НАТО-командант во Авганистан, претходно предупреди дека мисијата „најверојатно ќе резултира во неуспех“ доколку не бидат испратени засилувања во текот на наредната година. Забелешките на Мекристал се дел од стратешка проценка на ситуацијата што се уште се води како строго доверлива, иако Вашингтон пост во понеделникот на својата Интернет-страница објави нејзина верзија од која е отстранета назнаката за доверливост.


XS
SM
MD
LG