Линкови за пристапност

Гордон Браун бара поддршка за глобална економска акција


Британскиот премиер Гордон Браун ги повика лидерите на Групата 20 најбогати и земји во развој да зацртаат подобар економски поредок и да обезбедат дека ќе продолжи економската обнова.

Лидерите на Г-20 подоцна неделава ќе се сретнат во американскиот град Питсбург каде ќе разговараат за економски и други прашања.

Браун е меѓу лидерите кои велат дека важно да се реши големата финансиска нерамнотежа межу земјите во трговијата, заштедите и потрошувачката, што одигра улога во финанската криза и што би можело да ја остави економијата ранлива на слични шокови во иднина.

Некои економисти велат дека нерамнотежата може да се намали ако големите извезувачи како Кина, Германија и Јапонија ја зголемат потрошувачката, додека големите должници како САД заштедат повеќе.

XS
SM
MD
LG