Линкови за пристапност

Американскиот претседател овозможи израелско-палестинска средба


Американскиот претседател Барак Обама смета дека е од клучно значење израелските и палестински лидери заеднички да работат на решавање на проблемите и одново да започнат со мировните преговори. Обама го кажа ова по средбата на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас, чиј домаиќн беше тој во Њујорк.

Без оглед на претходните случувања и недовербата, двете страни мора да најдат начин да појдат напред, рече Обама. Тој на почетокот на средбата ги наговори Нетанјаху и Абас да се ракуваат.

Американскиот претседател кажа дека постои напредок во правец на продолжување на мировните преговори, но дека допрва треба да се заврши многу работа. Обама најави дека главниот американски преговарач за Блискиот Исток Џорџ Мичел повторно ќе се сретне со израелски и палестински претставници наредната недела.

XS
SM
MD
LG