Американскиот претседател Барак Обама смета дека
пасивноста во однос на климатските промени би можела да донесе „непоправлива
катастрофа" за идните генерации. Тој ги
повика 90-те државници собрани на Самитот за климатски промени во Њујорк на
заедничка акција против проблемот.
Организаторот на
самитот, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, го отвори со порака дека би
било „морално неоправдано" да не се дејствува.
Официјални лица на средбата се надеваат да направат напредок во правец
на глобална климатска спогодба што земјите планираат да ја финализираат за
време на идната средба закажана во декември во Данска.
Обама рече дека САД се
„решени да дејствуваат" и ги стави климатските промени на врв на својот
дипломатски дневен ред со земји ширум светот, од Кина и Индија до Бразил и
Мексико. Американскиот претседател
порача дека во залог е безбедноста и стабилноста на секоја земја.