Линкови за пристапност

Светските лидери се собираат во Њујорк


Светските лидери се среќаваат во Њујорк на годишното Генерално собрание на Обединетите нации.

Заседанието, кое почнува во среда, ќе биде прва посета на Барак Обама во ОН како претседател на САД.

Американскиот амбасадор во ОН, Сузан Рајс, рече дека Обама ќе ја изложи новата насока на американската надворешна политика во говорот пред генералното собрание.

Во меѓувреме, повеќе од 90 шефови на држави се очекува да присуствуваат на самитот за климатските промени со кој ќе претседава генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Преговарачите се надеваат на напредок по договорот за климатски промени, што владите планираат да го финализираат на средбата во декември во Данска.

Претседателот Обама се очекува да биде домаќин и на тристраната средба со изралскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас на маргините на средбата за климатските промени.

Иранската државна телевизија јави дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад се очекува да се фокусира на глобалниот мир и создавање свет без нуклеарно оружје. Прес ТВ јави дека израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху веројатно ќе го искористи својот говор да ја нарече иранската нуклеарна програма закана по глобалниот мир.

Либискиот претседател Муамер Гадафи се очекува да се обрати пред светското тело, што ќе биде негово прво појавување во ОН за време на 40-годишното владеење со земјата.

XS
SM
MD
LG