Линкови за пристапност

Виш руски генерал се противи на американскиот противракетен штит


Виш руски генерал рече дека неговата земја се противи на било каков одбранбен противракетен штит доколку Русија нема улога во процесот.

Генералот Николај Макаров, шеф на рускиот Генералштаб, рече дека минатонеделната одлука на САД за стопирање на плановите за распоредување противракетен одбранбен штит во Полска и во Чешката Република не значи целосно откажување.

Наместо тоа, вели тој, се работи за трансфер на противракетниот штит од копно на море. Тој зборуваше во Швајцарија, каде го придружува рускиот претседател Дмитри Медведев.

Генералот рече дека Русија се уште не се откажала од плановите да распореди проектили со кус дострел во руската балтичка енклава Калининград во близина на границата со Полска. Тој рече дека политичката одлука треба да ја донесе претседателот Медведев.

Во саботата, рускиот заменик-министер за одбрана Владимир Поповкин рече дека неговата земја ќе го откаже распоредување на проектилите како одговор на акцијата од САД.

XS
SM
MD
LG