Линкови за пристапност

Десетина загинаа во земјотрес во Бутан


Силен земјотрес го погоди регионот на Хималаите при што загинаа најмалку 10 лица во зафрлениот планински регион во Бутан.

Тројца од жртвите се од индиска националност, кои загинале од одрон на камења во источната област Самдруп Џонгкар.

Седуммина загинале откако се урнале згради во два региони источно од главниот град Тимпху.

Земјотресот се почувствувал и во Дака, Бангладеш, како и во Лхаса, Тибет.

Министерот за внатрешни работи на Бутан, Минџур Дорџи, за Гласот на Америка потврди дека земјотресот уништил згради во соседниот регион Монгар.

Тој рече дека некои патишта се непроодни и ќе биде потребно време пред спасувачките екипи да стасаат до најзафрлените населби.

Американската сеизмолошка служба вели дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6, 3 степени според Рихтеровата скала бил во близина на границата со Индија, на околу 180 километри источно до главниот град.

XS
SM
MD
LG