Во понеделник во Вашингтон ќе се сретнат американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и неговиот израелски колега Ехуд Барак.
Израел и САД споделуваат загриженост дека Иран развива нуклеарно оружје. Техеран го негира тврдењето.
Барак за Њујорк тајмс изјави дека Израел сака САД да се ангажираат во ограничена дипломатија со Иран, откако најпрвин би вовеле построги санкции. Тој сугерираше дека воената акција се` уште е една од можностите.
Според израелскиот министер за одбрана, Вашингтон треба повеќе да се посвети и на запирање на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја, затоа што тоа би можело да има влијание врз Иран. Барак вели дека
Северна Кореја развива проектили од долг дострел во непосредна близина на Русија и Кина, и тоа без последици. Следниот чекор на Иран ќе зависи од тоа што ќе и` се случи на Северна Кореја, смета Барак.
Претставници на западните земји треба да разговараат со ирански преговарачи на 1-ви октомври за повеќе теми, меѓу што и за нуклеарната програма на официјален Техеран.