Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак стравува дека Палестинците ќе ја пропуштат можноста за мир доколку продолжат да бараат Израел да ја запре изградбата на еврејски населби.
Коментарот на Барак е објавен во весникот Њујорк тајмс, еден ден пред состанокот со американскиот претседател Барак Обама, кој е домаќин на заедничка средба меѓу израелските и палестинските лидери во Њујорк.
Барак вели дека Обама целосно се заложил да го искористи своето политичко влијание во правец на создавање независна палестинска држава и да ги основните проблеми во наредните две години. Израелскиот министер за одбрана смета дека тоа е можност што не треба да се пропушти.
Палестинските лидери, пак, тврдат дека израелското одбивање да запре изградбата на населби во окупираниот Западен Брег и источен Ерусалим ги оневозможува мировните напори. САД исто така го повикаа Израел да запре со изградбата.