Линкови за пристапност

Тројца Авганистанци пред американски суд


Тројца Авганистанци, уапсени во саботата, во понеделник ќе се појават пред американски федерален судија поради обвинение дека дале лажни изјави во антитерористичка истрага. Доколку бидат осудени, би можеле да добијат по осум години затворска казна.

Наџибула Зази, кој во САД престојувал легално со „зелена карта“, како и неговиот татко Мухамед Вали Зази, кој имал американско државјанство, ќе бидат изведени на суд во Денвер, сојузната држава Колорадо. Третиот обвинет, Ахмад Ваис Афзали, кој има „зелена карта“, ќе се појави пред судија во Њујорк.

Комесарот на њујоршката полиција Рејмонд Кели вели дека властите сметаат дека Наџибула Зази дал лажна изјава кога тврдел дека не знае за упатствата за изработка на бомба што федерални агенти ги нашле во неговиот автомобил.

Помошник-главниот обвинител за национална безбедност во Одделот за правда Дејвид Крис изјави дека властите немаат конкретна информација за планиран напад.
Зази порекнува каква и да е поврзаност со тероризам.

Според Кели, властите тврдат дека 24-годишниот Зази признал дека се обучувал во камп на Ал-Каида во Пакистан. Тој бил роден во Авганистан и како момче се преселил во Пакистан, од каде пред 10 години заминал за САД.

Адвокатот на Зази изјави дека неговиот клиент повеќепати патувал во Пакистан за да ја посети сопругата.

XS
SM
MD
LG