Главниот американски и НАТО-командант во Авганистан, генералот Стенли Мекристал предупредува дека мисијата „веројатно ќе резултира во неуспех“ доколку во текот на наредната година не бидат испратени засилувања.
Њујорк тајмс и Вашингтон пост на своите Интернет страници во понеделникот објавија делови од доверлив извештај – проценка на ситуацијата што ја направил Мекристал. Генералот наведува дека неадекватните ресурси носат ризик од подолг, поскап судир што најверојатно ќе резултира во пораз. Но, тој наведува и дека успехот во Авганистан се` уште е остварлив доколку армиските сили успеат да го спречат подемот на бунтовниците.
Американскиот претседател Барак Обама со групата за национална безбедност го разгледува извештајот што Мекристал го доставил до секретарот за одбрана Роберт Гејтс на 30-ти август. Обама размислува дали да реши да испрати дополнителни сили во Авганистан. Минатата недела, Гејтс кажа дека е потребно повеќе време за да се донесе одлука за бројот на силите во земјата.