Линкови за пристапност

Масачусетс усвои мерка за назначување наследник на сенаторoт Кенеди


Законодавците во Претставничкиот дом на Масачусетс со 95 гласови „за“ и 58 „против“, усвоија мерка со која на гувернерот на оваа сојузната држава му се дозволува да назначи привремен наследник на покојниот сенатор Едвард Кенеди.

Со мерката се менува законот на Масачусетс од 2004 година, кој повикува на распишување специјални избори во рок од 145 до 160 дена за ослободено место во американскиот Сенат. Предлогот сега оди на разгледување во Сенатот на Масачусетс, каде неговото усвојување е и натаму неизвесно и покрај тоа што контролата ја имаат демократите. Републиканците најавија дека ќе користат процедурални тактики за да го одложат конечното гласање.

Сенаторот Кенеди во американскиот Сенат служеше 47 години. Тој почина на 25-ти август, по едногодишна борба со тумор на мозокот.

XS
SM
MD
LG