Линкови за пристапност

Нова американска политика за контрола на националните води


Претседателската работна група се залага за нов темелен пристап во управувањето со крајбрежјето и околните региони кои се наоѓаат под контрола на владата.

Меѓу предлозите на Работната група за состојбата на океаните, е креирање на нов Национален совет за океани, кој би ги координирал активностите на најмалку 20 владини агенции одговорни за надзор на користењето, развојот и заштитата на водните ресурси на САД.

Предложениот совет би требало да ги балансира и економските активности, вклучувајќи го развојот поврзан со нафта и гас, користењето на енергијата од ветерот и брановите, како и туризмот. Фокусот ќе биде ставен на заштитата на животната средина и климатските промени.

Изготвувачите велат дека целта е да се покаже оти САД сфаќаат „колку е важно здравјето на океаните“.

XS
SM
MD
LG