Линкови за пристапност

Шефот на НАТО предлага поврзување со руската одбрана


НАТО предлага ново партнерство со Русија, велејќи дека тие треба заедно да работат на одбраната.

Зборувајќи во петок во Брисел, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен повика на „заеднички преглед" на безбедносните предизвици на 21от век и кажа дека Русија треба да биде „вистински учесник" и „партнер" во европската и меѓународната безбедност.

Расмусен кажа дека Русија, НАТО и САД треба да ја разгледаат можноста за „поврзување на системите за ракетна одбрана во соодветно време".

Рускиот пратеник во НАТО Дмитри Рогозин вели дека забелешките на Расмусен се „многу позитивни и многу конструктивни", и рече дека тие заедно треба да ги анализираат различните предлози.

Односите меѓу Русија и Западна Европа се затоплија по паѓањето на кумунистичката влада во Москва. Но, тие повторно се заострија минатата година кога Русија го засили влијанието во поранешните комунистички држави во Источна Европа и интервенираше во граѓанската војна во Грузија.

Говорот на Расмусен сигнализира нов приод во руско-западните односи.

Додека се залага за нови односи со Русија, тој ја поттикна Москва да се приклучи на Западната коалиција во вршењето „максимален притисок" на Иран за завршување на нивните нуклеарни аспирации.

XS
SM
MD
LG