Според мерка за американското
богатство Американците стануваат побогати за прв пат во две години – што дава поддршка на идејата дека американската економија се движи кон опоравување.
Федералните резерви во четврток
кажаа дека нето вредноста на американските домаќинства е зголемена за два
трилиони долари за периодот април-јуни.
Нето вредноста е мерка за тоа
што поседува домаќинството откако ќе се одбијат долговите.
Порано, извештај од Одделот за труд покажа дека бенефициите заради невработеност за прв пат паднале минатата недела на најниско ниво од почетокот на јули. Друг извештај, од Одделот за трговија, покажа дека бројот на домови во изградба скокнал за 1,5 проценти, на највисоко ниво за последниве девет месеци.