Линкови за пристапност

САД со нов приод кон програмата за ракетна одбрана


Американскиот претседател Барак Обама откри нов приод за системот за ракетна одбрана во Европа, во исто време прекинувајќи ги претходните планови за распоредување на ракетен штит во Полска и Чешката Република.

Во неговата изјава од Белата куќа во четврток, Обама ја реафирмираше определбата за одбрана на САД и нивните сојузници од проектилска закана од Иран. Тој рече дека промената уследила по новата оценка на иранската ракетна програма.


Во Пентагон, Секретарот за одбрана Роберт Гејтс кажа дека системот ќе инволвира сензори и интерцептори на север и на југ на Европа како и проектили на бродови. Тој рече дека САД се во разговори со Полска и со Чешката Република во врска со прифаќање интерцепторите да бидат на нивна територија.

Гејтс кажа дека иранската технологија за долгодометни проектили не е непосредна закана како што претходно се мислело. Но тој рече дека систмот ќе дозволува проширување доколку е потребно.
XS
SM
MD
LG