Американскиот претседател Барак
Обама на ентузијастична универзитетска публика и` кажа дека САД се поблиску до реформирање на здравствениот систем од кога било
порано.
Обама ја пренесе кампањата за
реформа на здравството на Универзитетот на Мериленд. Неговиот говор уследи еден
ден по откривањето на предлог-законот за
здравствена заштита од страна на
врвен демократ во Сенатот, без речиси никаква поддршка од малцинските
републиканци.
Претседателот кажа дека има
согласност во Конгресот за околу 80
проценти од она што треба да биде завршено во врска со системот на здравствена грижа. Тој исто така рече дека
„коалиција без преседан" од болници, лекари, медицински сестри и
произведувачи на лекови го поддржуваат напорот.