Во масивен самоубиствен бомбашки напад во главниот град
на Авганистан, Кабул, загинаа најмалку шест италијански војници и 10 цивили.
Официјални лица соопштија дека автомобилот, натоварен со
експлозив удрил во две италијански воени возила од конвој на НАТО на патот кон
аеродромот во близина на американската амбасада.
Талебан ја презеде одговорноста за нападот.
Сведоци велат дека возила за брза помош веднаш
интервенирале на местото на инцидентот од каде излегувале големи облаци чад.
Италијанското министерство за одбрана рече дека покрај
загинатите имало и четворица повредени војници. Сведоци велат дека неколку
возила се уништени во експлозијата, вклучувајќи и најмалку едно оклопно возило
со италијанско знаме.
Авганистански официјални лица пренесоа дека десетина
цивили се повредени.