Судија во американската сојузна држава Вирџинија одреди датум за егзекуција на човекот кој во 2002-ра го тероризираше Вашингтон со околината.
Судијата нареди Џон Ален Мухамед да биде погубен на 10-ти ноември поради неговиот тринеделен спајперски поход.
Асошиештед Прес јави дека адвокатот на Мохамед најавил дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд и ќе побара помилување од гувернерот на Вирџинија.
Мухамед беше осуден на смртна казна во Вирџинија во 2004 за едно од десетте убиства кое ги изврши во стил на снајперист.
И на судски процес во Мериленд, тој беше прогласен за виновен за смртта на уште шестмина.
Неговиот соучесник, Ли Бојд Малво, доби доживотна казна затвор за други убиства во Вирџинија.
Малво во своја одбрана рече дека Мухамед бил негов ментор и сакал да ја тероризира нацијата со шест убиства дневно во период од 30 дена.