Додека некои од водечките економии во светот може да се извлекуваат од рецесијата, ситуацијата во најсиромашните земји во светот станува се` посериозна.
Во извештајот на Светската банка објавен во средата, се предупредува дека 43 од земјите во равој се соочуваат со критично намалување на буџетот, во купен износ од 12 милијарди долари.
Со ова во ризик се доведува финансирањето на клучни области како образованието, здравствената грижа и инфраструктурата.
Претставници на Светската банка имаат намера да ги изложат овие наоди до лидерите на светски најразвиените земји на престојниот Самит на Групата 20, што подоцна месецов ќе се одржи во Питсбург.
Претседателот на Светската банка, Питер Зелик, вели дека напредокот во клучните области прекинал или се влошил како резултат на глобалната рецесија. Тој од земјите од Г-20 бара да ги исполнат своите ветувања за обезбедување помош за најпогодените земји во висина од неколку милијарди долари.