Поранешниот американски претседател Џими Картер рече дека се` позачестените вокални напади врз неговиот актуелен наследник на функцијата, Барак Обама, се базирани на расизам.
Во интервју за телевизијата „Ен-Би-Си“, Картер рече дека интензивното, демонстрирано непријателство кон новиот претседател е главно затоа што тој е црнец.
39-от претседател на САД, родум од јужната држава Џорџија, рече дека забележал оти дел од државата ги има прифатено ставовите кои ги делат некои белци во неговиот регион спрема Афро-американците.
Картер истакна дека е ужасно што многу белци во САД веруваат дека Афро-американците не се квалификувани да ја водат нацијата.