Линкови за пристапност

Јапонскиот парламент го назначи Хатојама за нов премиер


Долгогодишниот јапонски опозициски лидер Јукио Хатојама ја презеде премиерската функција. Тој денеска изјави дека е среќен заради перспективата на промена на јапонската историја.

Со денешното официјално потврдување на функцијата во парламентот, се одбележува крај на преку 50-те години непрекинато владеење на Либералната демократска партија.

На првата прес-конференција по стапувањeто на функцијаta, премиерот Хатојама истакна дека неговата нова влада ќе работи, но и ќе греши, и го повика јапонскиот народ да има трпение.

По положување на заклетва на функцијата, Хатојама ги именува и членовите на својот кабинет.

XS
SM
MD
LG