Според мониторинг мисијата на ЕУ, за време на минатомесечните претседателски избори во Авганистан биле изброени 1,5 милиони сомнителни гласови.
Од мисијата велат дека меѓу нив се вклучени 1,1 милиони сомнителни гласови дадени за претседателот Хамид Карзаи и 300.000 за неговиот главен ривал, поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула.
Авганистанските претставници надлежни за гласањето велат дека денеска ќе објават комплетни прелиминарни резултати.
Сепак делумното пребројување на гласовите кое беше наложено од Изборната комисија за приговори на ОН, може да го одложи објавувањето на конечните резултати со недели.
Минатата недела, Авганистанската независна изборна комисија соопшти дека со речиси сите преброени гласови, претседателот Карзаи има освоено преку 50 проценти од гласовите потребни за да се избегне прегласување. Комисјата додава дека неговиот главен противник, Абдула Абдула, освоил 28 проценти од гласовите.