Линкови за пристапност

Претставничкиот дом го укори законодавецот за испадот при говорот на Обама


Претставничкиот дом каде мнозинството го имаат демократите, изгласа укор за републиканецот Џо Вилсон кој за време обраќањето на претседателот Обама пред обата дома на Конресот, извика „Лажеш“.

Претставничкиот дом со 240 гласови „за“ и 179 „против“, усвои „резолуција на неодобрување“. Мерката важи за најблага можна казна за член на претставничкиот дом.

Пред гласањето, Вилсон пред законодавците истакна дека „на американскиот народ му е јасно дека нацијата се соочува со многу поважни прашања од ова за кое расправаме“. Тој ги потсети своите колеги дека веќе му се извинил на претседателот, а Обама го прифатил неговото извинување.

Инцидентот се случи минатата недела, кога Обама пред Конгресот ги излагаше своите планови за реформи во здравствениот систем.

XS
SM
MD
LG