Линкови за пристапност

Охрабрувачки вести за американската економија


Позитивните вести за состојбата на американската економија дојдоа во среда од неколку владини извештаи дека американските фабрики го зголемиле производството, опаднал трговскиот дефицит, а стапката на инфлација се стабилизирала.

Посебно забележителен е порастот на американското индустриско производство од осум десетини од еден процент во август.

Друг извештај, пак, покажал дека јазот меѓу вредноста што Американците ја купуваат во странство и тоа што го продаваат, значително се стеснал во вториот квартал од годината.

Американската централна банка покажала дека инфлацијата надвор од енергетскиот и прехранбениот сектор, забележала благ пораст во август.

Ваквите податоци укажуваат дека американската економија општо земено се подобрува.

Овој поглед го делат повеќето економисти кои ги анкетираше Ројтерс.

Новинскиот сервис пренесе дека економистите имаат консензус дека американската економија ќе излезе од најлошата рецесија со децении и ќе има годишен растеж од три проценти за јули, август и септември.

XS
SM
MD
LG