Линкови за пристапност

Белата куќа ја брани програмата за домашно  шпионирање


Администрацијата на Обама ги повикува законодавците да го продолжат рокот на три одредби од контроверзниот закон за домашно шпионирање, познат како Патриотски акт.

Американскиот Оддел за правда издаде писмо во вторникот во кое го повикува Конгресот да ги обнови одредбите од законот кој на властите им дозволува електронско прислушкување на разговори, им дава пристап до деловни информации и им овозможува следење на таканаречените „волци – самотници", осомничени лица за кои не е познато дали се поврзани со светските сили или терористички групи.

Актот на агентите им овозможува да ги следат комуникациите на осомничени лица кои ги промениле броевите на своите мобилни телефони или други електронски направи.

Рокот за овие одредби истекува на 31-ви декември.

Некои законодавци и активисти за граѓански слободи ги критикуваа одредбите, велејќи дека тие го попречуваат правото на приватност на Американците. Одделот за правда вели дека администрацијата е подготвена да разгледа посилна заштита на граѓанските права, но под услов со тоа да „не се наруши ефикасноста" на одредбите.

XS
SM
MD
LG