Линкови за пристапност

Во САД има недостиг од општи лекари


Американски здравствени експерти предупредуваат дека недостигот од општи лекари ќе расте во годините што доаѓаат. На американските медицински училишта се` повеќе студенти се определуваат на специјализирана медицина, како кардиологија или онкологија.

Дејвид Елингтон важи за исклучително редок вид на американски лекар. Во држава во која лекарите се определуваат за пракса во високо-специјализирана медицина, Елингтон ги минал повеќето од изминатите две децении во пружање основна здравствена нега на граѓаните во Лексингтон, Вирџинија. Вели, не би се менувал за ништо: „Ги сакам луѓето. Ги сакам старите. Ги сакам младите. Дознаваш многу работи за луѓето кои ти се важни, како живеат, какво им е секојдневието, нивните радости, разочарувања.“

Лекар со очила со пријателски однос – така може да се опише Елингтон кој го минува времето со неговите пациенти, кои ги ценат неговите напори да ги сослуша.

Џејн Патерн му се жали за трнеење во прстите. „Тоа што го прави посебен е кога седнува и разговара со вас“, вели Патерн.

Последното истражување покажа дека опаѓа бројката на студенти по медицина кои се определуваат да бидат семејни лекари. Во САД до 2020-та, ќе има недостиг од 40.000 матични лекари.

За доктор Елингтон, тоа не е изненадување: „Платен сум сум една третина од парите што би ги добил како онколог, дерматолог или некој вид хирург“, вели тој.

Разликата во примањата е главна причина за студенти, кои со ваква работа не можат да ги исплатат студентските заеми. Трошоците за медицинско образование во САД стасаа до 250.000 долари.

Елингтон почнал да практикува медицина во американската армија, работел во Калифорнија и во Германија. Неговото чувство за јавна служба е силно. Помогнал во отварањето на бесплатна клиника недалеку од Лексингтон, каде се лекуваат илјадници од најсиромашните жители.

Тој се надева дека реформата во здравствениот систем ќе ја намали бирократијата и ќе обезбеди здравствена заштита за сите Американци, особено во основната здравствена нега. Но, тој стравува дека во дебатата за здравстена заштита е нагласено стравувањето и дезинформирањето, а помалку се дискутира рационално за потребите и решенијата: „Граѓаните се загрижени дека ќе го загубат тоа што имаат, тоа ги плаши“, вели тој.

Додека се вжештува дебатата во Вашингтон и во целата земја, доктор Елингтон продолжува со неговата работа, која за него е повик, а не работа: „Ако сте во медицината да направите пари, тоа не е повик. Често не сте дома, но со добра причина“, вели тој.

Локалната трговска комора му оддаде признание на доктор Елингтон за неговата работа и посветеност. Тој ја понесе титулата „Лекар на годината за 2009-та“.

XS
SM
MD
LG