САД го подржуваат порцесот на реформи во Р.Македонија чиј резултат треба да биде интеграција во ЕУ и подобрување на климата за развој на економијата. Конкретно оваа поддршка се ефектуираше со потпишување Меморандум за разбирање за обука на кадри во државната администрација.
„Овој
договор ќе ги штити нашите инвестиции со тоа што ќе гарантира дека луѓето кои
се обучени преку наши програми за поддршка, ќе останат на позиции каде овие
обуки ќе можат да се искористат", изјави амбасадорот на САД, Филип Рикер.
Меморадумот
беше презентиран и во форма на потврда
за стратешкото партнерство на Македонија и САД, кое веднаш по самитот на НАТО
во Букурешт, на кој Македонија не стана членка, беше официјализирано низ
Декларација за стратешко партнерство. Американскиот амбасадор нагласи дека одредени
спогодби во областа на образованието, културното наследство, како и во областа
на администрацијата се области преку кои тоа се реализира. Македонските
експерти ваквата поддршка ја ставаат во контекст на американскиот интерес да се
гарантира стабилност во овој дел од светот и е поддржана со разни форми на
техничка и на финансиска помош. Инаку владата на САД досега има вложено преку една
илјада долари во реформските процеси во државата со цел да помогне во креирање
на подобра бизнис клима која ќе биде атрактивна за странските инвестиции.
„Како што претходно кажав, владата на Соединетите држави има вложено над една милијарда американски долари во реформирање, ако можам да кажам - на државата, со цел да ги привлече компаниите, односно да стане поконкурентна, додека владата на Соединетите американски држави не ги контролира компаниите во земјата и не може да им каже каде да инвестираат, туку може само да ги охрабри", изјави амбасадорот Рикер, по потпишувањето на Меморадунот за разбирање, што на македонската влада треба да и` помогне полесно да се справи со реформските процеси во областа на администрацијата, која пак, од ЕУ, во повеќе наврати, беше критикувана како партизирана и неефикасна.