Портпаролот на полицијата во Њујорк, Пол Браун соопшти дека специјалните сили за тероризам во понеделникот извршиле рација во неколку апартмани во Квинс.
Барун не даде многу детали, но истакна дека рациите се резултат на соработка меѓу градската полиција и федералните агенти.
Федералното истражно биро во меѓувреме брифираше група американски законодавци за настаните во понеделникот. Конгресменот од Њујорк, Питер Кинг рече дека дознал оти Еф-Би-Ај добиле итен налог за изведување на рациите доцна во неделата, откако лице, кое веќе било под истрага за наводна поврзност со Ал Каида, посетило група луѓе во Њујорк.
Сенаторот од Њујорк, Чарлс Шумер истакна дека му било кажано оти во моментов не постои никаква опасност и дека рациите биле превентивни акции. Шумер додаде дека нападот не е поврзан со посетата на претседателот Обама во Њијорк во понеделникот.
Нема информации дека некој е уапсен во рацијата и ниту Еф-Би-Ај, ниту њујоршката полиција не дискутираат за тоа каде се наоѓа лицето осомничено за поврзаност со Ал Каида.