Линкови за пристапност

Еврејските населби во фокусот на разговорите меѓу Мичел и Нетанјаху


Американскиот претставник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел се сретна со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и го повика да вложи напори за запирање на изградбата на еврејските населби на територија што Палестинците сакаат да ја користат за своја држава.

Средбата меѓу Мичел и Нетанјаху во Ерусалим траеше речиси два часа. Од кабинетот на израелскиот премиер разговорите ги опишаа како „добри“ и најавија дополнителен состанок.

Воочи средбата, Мичел истакна дека се надева оти актуелната фаза разговори со Израел ќе ја доведе со постигнување на „ран заклучок“, и преземање чекори во потрага по одржлив израелско-арапски мир.

Мичел со месеци врши притисок врз Израел да ја прекине изградбата на населби во окупираните области на Западниот брег и источен Ерусалим, со цел заживување на мировните разговори со Палестинците. Денеска Мичел ќе се сретне и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах.

Абас истакна дека нема да преговара со Израел, се` додека не се прекине изградбата на населбите во окупираните територии.

XS
SM
MD
LG